26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Стратум: Коалицијата СДСМ – БЕСА во водство пред ВМРО ДПМНЕ

 Според анкетата на Стратум направена на почетокот на јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има водство со 31 отсто од гласовите на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ е на второто место со 27 проценти. Во однос на другите партии за ДУИ би гласале 7 отсто, за коалицијата на Алијансата за Албанците и Алетрантива 5 отсто, за Левица 2 проценти и за ДПА 1 отсто. И во оваа анкета бројката на оние што не одлучиле или одбиваат да одговорат е висока 11 и 10 отсто.

Интересен е податокот дека мнозинство гласачи се изјасниле дека СДСМ во идната влада не треба да коалицира со ДУИ.  На прашањето, која партија заслужува да формира влада, СДСМ пак е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ со 26 наспроти 23 проценти. Интересно е дека само 2 отсто од испитаниците се согласиле на влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според образложението на „Стратум“ најголем број од испитаниците согласуваат со ставот дека СДСМ не треба да прави коалиција со ДУИ. Исто така, дури 71 отсто од испитаниците не се согласуваат со избор на премиер врз етничка основа.

Ова е трета релевантна анкета по ред на која СДСМ има водство. Неодамна анкета за изборите објави Националниот демократски институт, а потоа и Брима Галуп. Во јавните настапи, лидерот на СДСМ, Зоран Заев обвини дека сите кредибилни анкети покажуваат водство на коалицијата СДСМ – БЕСА, па соочени со тој факт, ВМРО ДПМНЕ се во ситуација да измислуваат анкети или да ги нарачуваат во странство од непознати и сомнителни организации.

Можеби ќе ве интересира

Апсења низ Македонија во голема акција, паднаа и притвори – еве ги деталите

ДЕСК

ЗНАЧИТЕЛНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Температури до 38°C, најавено е и невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

ДЕСК

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

ДЕСК