12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Стратум: Граѓаните даваат предност на СДСМ, мнозинството се против Заев да коалицира со Ахмети

 Со 31 отсто поддршка од гласачите, коалицијата СДСМ – БЕСА води пред ВМРО ДПМНЕ, која има 27 отсто. Гласачите сметаат дека новата влада доколку ја формира СДСМ не треба да стапи во коалиција со ДУИ, покажуваат бројките од предизборната анкета на Стратум.
Во однос на другите партии анкетата открива дека за ДУИ би гласале 7 отсто, за коалицијата на Алијансата за Албанците и Алетрантива 5 отсто, за Левица 2 проценти и за ДПА 1 отсто. И во оваа анкета бројката на оние што не одлучиле или одбиваат да одговорат е висока 11 и 10 отсто.

На прашањето, која партија заслужува да формира влада, СДСМ пак е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ со 26 наспроти 23 проценти. Интересно е дека само 2 отсто од испитаниците се согласиле на влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Исто така, дури 71 отсто од испитаниците не се согласуваат со избор на премиер врз етничка основа.

По анкетите на Националниот демократски институт и на Брима Галуп, кои исто така покажаа предност на СДСМ пред ВМРО ДПМНЕ, сега и последната на Стратум ги потврдува истите бројки. Неодамна на една од предизборните трибини, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги повика од ВМРО ДПМНЕ да престанат да нарачуваат местени анкети од некредибилни организации, затоа што оние кои се занимаваат со таков вид истражувања потврдиле дека коалицијата СДСМ – БЕСА е во водство и дека ќе биде победник на изборите на 15 јули.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Бразил очекува тензичен втор круг од изборите, Болсонаро собра повеќе гласови од очекуваното

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T