Centar.mk
романско знаме / АИ
БИЗНИС

РОМАНИЈА СО МЕРКА ПРОТИВ СКАПОТИЈАТА – Ограничени маржи до средината на 2027 година

Романската влада одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи за дополнителни шест месеци. Со тоа, мерката ќе продолжи да важи до крајот на јуни 2027 година.

Ограничувањата опфаќаат повеќе производи што секојдневно се користат во домаќинствата, меѓу кои леб, млеко, јајца, одредени млечни производи, месо, шеќер, масло за јадење и зеленчук.

Романското Министерство за земјоделство се повикува на официјалните статистички податоци според кои цените на храната во октомври биле повисоки за 3,07 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА 27 НОЕМВРИ – Познато е колку чинат еврото, доларот и франкот

ДЕСК

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Просекот достигна 49.141 денар, растот ги надмина поскапувањата

ДЕСК

ТРГОВЦИТЕ ПОД ЛУПА – Државата најавува реакција доколку има неоправдано зголемување на маржите

ДЕСК