Охрид денеска ќе биде место на средба на претседателите од регионот во рамките на процесот Брдо-Бриони. Домаќин на состанокот е македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, а коорганизатори се словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Според официјалната програма, пречекот на делегациите ќе започне во 10:45 часот, додека состанокот на лидерите е предвиден од 11 до 12:30 часот. Заедничката прес-конференција е закажана за 14:30 часот.
На состанокот ќе учествуваат и претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Регионалната соработка и европската интеграција се меѓу основните цели на иницијативата, воспоставена во 2013 година.


