25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Милошоски со втор негативен тест на ковид-19?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави на социјалните мрежи дека и вториот тест за Ковид-19 му е негативен.

„Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата! Секое добро“, напиша на неговиот фејсбук-профил Милошоски.

Тој во вторникот беше примен на Клиниката за инфективни болести поради зголемена температура, откако претходно објави дека неговата мајка е позитивна на Ковид-19.