14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Британската кралица разговараше со Трамп за заедничка борба со Ковид-19

Британската кралица, Елизабета Втора, разговарала со американскиот претседател, Доналд Трамп, за блиска соработка во победата на коронавирусот, како и за повторно отворање на глобалната економија.

Не е познато колку долго разговарале, но Белата куќа соопшти дека Трамп и` посакал среќен роденден на кралицата, за што имаше службено славење минатиот месец, пренесе Би-би-си.

Тој исто така изразил сочувство за оние кои починале за време на епидемијата на коронавирус, додала Белата куќа.

Британската кралица разговарала преку телефон со многу лидери за време на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, вклучително со францускиот претседател, Емануел Макрон, премиерот на Австралија, Скот Морисон, и канадскиот премиер, Џастин Трудо.