17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТИЗБОР

Трамп, лут на Германија, потврди дека повлекува околу 9.500 американски војници

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека САД ќе го намалат бројот на американски трупи распоредени во Германија на 25.000, што претставува намалување за околу 9.500.

САД сега имаат околу 34.500 војници во Германија, значително помалку отколку за време на Студената војна, кога Германија беше во фокусот на американските напори и на НАТО за да ја обесхрабрат инвазијата на Советскиот Сојуз. Во последните децении, Германија беше домаќин на клучните воени објекти на САД и транзитна точка за трупите распоредени на Блискиот Исток.

Обраќајќи се на новинарите, Трамп рече дека Германија не троши доволно пари за одбрана, како што бара НАТО, нарекувајќи го својот долгогодишен сојузник „деликвент“. Имено, Германија не ја постигна целта поставена од сите членки на НАТО во 2014 година, да потроши најмалку два проценти од БДП за одбрана до 2024 година.

„Значи, ние ја заштитуваме Германија и тие се деликвентни. Тоа нема никаква смисла. Па, реков, ние ќе го срушиме бројот на 25.000 војници“, рече Трамп и додаде: „Додека не платат, ние ги отстрануваме нашите трупи, голем број наши војници“.

Трамп истакна дека неговата одлука за повлекување на трупите е казна за Германија затоа што присуството на војниците ја зајакнува нејзината економија.

„Тоа се добро платени војници. Тие живеат во Германија и трошат огромни суми пари во таа земја. Животната средина на овие бази е многу напредна. Значи, Германија зема, а потоа се однесува многу лошо во трговијата со нас“, додаде американскиот претседател.

Неговиот настап е прва официјална потврда за намалувањето на бројот на војниците во Германија, а за што прв известуваше „Волстрит журнал“ на 5 јуни, а подоцна веста е потврдена за „Ројтерс“ од висок американски службеник, кој зборуваше под услов на анонимност.

Објавувањето на плановите на Трамп да повлече 9.500 војници од Германија, која е еден од најголемите сојузници на САД, ги налути германските власти и предизвика загриженост во американскиот Конгрес дека земјата се повлекува од светската сцена.

Спонзорирано: