Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈА

Од утре драстична промена на времето со снег и дожд – УХМР издаде метео предупредување

Утре времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег.

Врнежите преку ноќта кон вторник и во вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни(над 25л/м2) и ќе дува засилен повремено силен југоисточен ветер.

Прогноза за 21.04.2020
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 8°С до 14°C
Облачно со врнежи од дожд, на места пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер јужен ветер.

Прогноза за 22.04.2020
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 15°C
Променливо облачно а наместа ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежи ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, југоисточен ветер.

Прогноза за 23.04.2020
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Променливо облачно со лоален дожд а на планините во претпладневните часови со услови за снег.Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 3.1 степени почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот близу Корча во Албанија

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК