На 23.11.2026 во 13:15 часот во ОВР Крушево, 42-годишник од Крушево пријавил дека на место викано „Лимојнивје“ во Крушево пронашол коска која наликува на дел од човечки череп.
Полициски службеници од ОВР Крушево, во координација со јавен обвинител, извршиле увид, при што се преземаат мерки за расчистување на настанот.


