Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде вонредно метео предупредување: Следуваат пообилни врнежи од дожд и ќе преминат во снег на повисоките места

Утре ќе има врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни.

Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините, и на некои повисоки места.

Во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер што ќе предизвика дополнителен пад на дневната температура.

Прогноза за 15.04.2020
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 10°С до 17°C
Претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 16.04.2020
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер

Прогноза за 17.04.2020
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 18°C до 24°C
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК