Во Општина Брвеница утрово во 7 часот започна вториот круг од предвремените избори за градоначалник. Гласањето се одржува во десет населени места и ќе трае до 19 часот. Во Избирачкиот список се запишани 16.256 граѓани, од кои 449 се на привремена работа во странство, додека девет избирачи се наоѓаат во затвор или притвор.
За градоначалничката функција се натпреваруваат двајца кандидати.
Според изборните правила, победник во вториот круг ќе биде кандидатот со поголем број освоени гласови. Државната изборна комисија ќе ги објавува првичните резултати по електронски пат, додека официјалните податоци од записниците ќе бидат обработени по завршувањето на гласањето.


