Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убиство кај Клиничкиот центар, син го пробол татка си со нож

Синоќа пред полноќ, во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, син со нож го убил татка си.

Според информациите, починатиот е на возраст од 55 години.

Тој крвавел на пат кон болницата, каде што се упатил за да добие помош, но по патот им подлегнал на повредите. Кога пристигнале медицинските екипи, таткото веќе бил починат.

На убиството претходела семејна расправија, велат полициски извори.

Убиецот, на возраст од 24 години, бил пронајден и приведен.

Можеби ќе ве интересира

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК