25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Генералниот хирург на САД со необична порака: Сакам Америка да разбере – оваа недела ќе биде полошо

Генералниот хирург на САД, д-р Џером Адамс, упати „необична“ порака до нацијата додека зборуваше на Ен-Би-Бис утрово

„Сакам Америка да разбере – оваа недела ќе биде полошо“, изјави Адамс за Ен-Би-Си, додавајќи дека некои луѓе не практикувале правилно социјално дистанцирање.

„Навистина, навистина треба сите да останат дома“, рече Адамс. „Мислам дека има многу луѓе што прават вистински работи, но мислам дека за жал откриваме многу луѓе кои мислат дека тоа не може да им се случи“.