25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

За 24 часа умреле 601 лице, бројот на починати и новозаразени во Италија веќе втор ден се намалува

Во Италија во последните 24 часа починале 601 лице од коронавирусот, а бројот на новозаразени е дури 4.790, пренесуваат италијанските медиуми.

Вкупниот број на заразени во таа земја е 63.928.

Добра вест е што втор ден по ред бројот на мртви во Италија се намалува, бидејќи вчера таа бројка беше 651.

Исто така, во последните 24 часа излечени 408, со што вкупната бројка е 7.432.

Италија стана црн рекордер по бројот на умрени од коронавирусот 6.078 и ја престигна Кина, каде што изби епидемијата и која бележи број од 3.270 жртви.

Според последните податоци новост е што вирусот забрзано се шири во Соединетите Американски Држави, каде се забележани 7.295 новозараени.

Во САД во последните 24 часа починаа 64 луѓе.