12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТ

Џонсон наложи да се затворат кафулињата, пабовите и рестораните

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска изјави дека кафулињата, пабовите, рестораните, театрите, кината и спортските сали низ целата земја вечерва ќе бидат затворени и ќе останат така на неодредено време за да се забави ширењето на коронавирусот.

„Порачуваме кафулињата, баровите и рестораните да се затворат вечерва што е можно поскоро и тоа да остане така на неодредено време. Компаниите може да продолжат со достава до дома“, рече Џонсон.

Во Англија починаа уште 39 лица кои биле позитивни на коронавирусот.

Националната здравствена служба претходно објави дека вкупниот број на починати е 167.