10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Славески: Потребни се брзи мерки во стопанството, не смее ниту еден граѓанин да остане без доход

За финансиската и економската криза во државата, кои веројатно ќе ја следат здравствената криза со коронавирусот, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески смета дека владата требало да има спремно решение, затоа што веќе вирусот зафати голем дел од светот.

Славески на денешната панел-дискусија Live Chat насловена како „Затоа што секој живот вреди“, порача дека сите очи на граѓаните се свртени кон владата, која според него, нема решение.

„Ние свесно одиме во рецесија, со некои мерки на државата, со цел брзината на ширењето на коронавирусот да биде помала. Анализите на експертите е дека во овој месец март, а владата нè убедуваше дека последиците ќе се почуствуваат некаде во април, мај, но само за овој месец март државата ќе доживее економски пад за 50 проценти. Ако имаме пад на економската активност за 50 проценти, за само неколку месеци ќе имаме пад на бруто-домашниот производ дури за 10 отсто“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ситуацијата е сериозна и потребни се брзи интервентни мерки.

„Ниту еден граѓанин во државата не смее да остане без доход, ниту еден бизнис не треба да биде затворен, големите компании кои ни требаат треба да ги задржат односите со своите доверители, со банките со снабдувачите, а за тоа ќе треба масовна поддршка од страна на државата“, дециден е Славески.

Околу тоа дали има странски финансиски друштва коишто ѝ би помогнале на државата, тој истакна дека ММФ има инструмент за брзо финансирање со кој што може да се икористат околу 90 милиони американски долари.

„Имаме и сопствени средства и драстично ќе треба со ребаланс на буџетот да се скратат сите непродуктивни, неесенцијални ставки во буџетот. Така што, иако со значително задоцнување владата треба да сфати дека треба да реагира за полесно справување со економските, па и со здравствените последици“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на панел-дискусијата.

Спонзорирано: