14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев до Мицкоски: Цел сте мокар, испотивте, нема потреба од нервоза

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во еден момент од дебатата на Канал 5 вечерва му порача на Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ, :
Цел сте мокар, испотивте, нема потреба од нервоза, рече Заев.

Тоа беше во моментот кога Заев и Мицкоски влегоа во дебата за тоа кога треба да се употребува името Северна Македонија. На чуден начин Мицкоски го брани Преспанскиот договор и го обвинува Заев дека тој го прекршил, сепак Заев рече дека согласно Уставот новото уставно име треба да се користи уште сега, а не пет години од отворањето на соодветното поглавје при преговорите со ЕУ.