23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена од Јапонија двапати заболела од коронавирус

Жена која работи како возач на туристички автобус во Осака по вторпат е позитивна на новиот коронавирус, што е прв ваков случај во Јапонија.

Тестирањето покажало дека жената е позитивна на коронавирус, откако почувствувала болка во грлото и градите.

Таа прво била тестирана во јануари, по што била хоспитализирана, но брзо оздравела.

Јапонскиот министер за здравство рече дека таа е првиот пациент кој по болничко лекување повторно е позитивен на коронавирусот.

Иако ова е прв ваков случај во Јапонија, во Кина се пријавени повеќе на втор позитивен тест.

„Инфекцијата може да остане во состојба на мирување и со минимални симптоми, а потоа може да дојде до влошување ако се најде во белите дробови“, објасни професор на Факултетот за медицина на Универзитетот во Њујорк./Makfax