12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Венецуела запленет тон кокаин, уапсени и црногорски државјани

Во водите на Венецуела на бродот „Ареса“ запленет е тон кокаин и уапсени се црногорски државјани, соопшти денеска црногорската полиција.

Како што истакнуваат од таму, станува збор за повеќемесечна меѓународна акција иницирана од црногорската, во соработка со холандската, британската и српската полиција.

Црногорски портали објавија фотографии од бродот, а се пренесува и објавата на полицијата на „Твитер“, според која запленет е тон кокаин.