18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во Италија има најголем број заболени и жртви на ниво на цела Европа.

Починатите се повозрасни луѓе кои имале другуи болести и се наоѓале во тешка здравствена состојба.

Загрижувачки е тоа што бројот на заболени во Италија двојно се зголеми за само 24 часа, а Министерството за здравство е загрижено затоа што сè уште не е откриен нулти пациентот, односно првиот пациент.

Италијанец кој неодамна дошол од Кина и за кого постоеше сомнеж дека го пренел вирусот неколку пати бил тестиран и тестот секогаш бил негативен. Останува мистерија како заболел 38-годишниот менаџер од Кодоња, епицентар на заразата во Италија, а кој бил во контакт со неговиот сограѓанин кој неодамна се вратил од Кина.

Владата на Италија воведе вонредни заштитни мерки и 11 општини се ставени во карантин, во регионите Ломбардија и Венето.

Од црвената зона никој не смее да излезе ниту да влезе. Јавните установи во Венето, Ломбардија, Емилија Ромања и Пјемонте се затворени. Откажани се сите настани, меѓу кои и карневалот во Венеција, кој требаше да трае уште два дена. Телевизиските емисии се без публика во студијата.

Во овие региони владее паникa, улиците се пусти, само супермаркетите работат со полна пареа каде граѓаните купуваат резерви на храна./Makfax