24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанскиот суд одобри пушачите да добиваат пониски плати

Компанијата „Галп“, која престана да им го плаќа на вработените времето што го трошат на паузи за пушење, го доби случајот пред шпанскиот Врховен суд.

Компанијата, која се замнимава со енергетика, соопшти дека постапувала според шпанскиот закон кога го одзела времето минато надвор од просториите на фирмата од вкупниот број работни денови на работниците.

Кратката пауза за кафе или појадок со колегите исто така е дел од таа политика што „Галп“ започна да ја спроведува минатиот септември.

Синдикатот, кој го изнесе овој случај пред судот, планира да ја обжали пресудата.

Според последните измени во шпанскиот закон, компаниите мора да водат сметка за пристигнувањето и заминувањето на вработените.

Како што објаснува Би-би-си, ваквиот надзор има за цел да ја спречи експлоатацијата на работниците, да ја зголеми флексибилноста во договореното работно време и да го реши проблемот со неплатената прекувремена работа во Шпанија.

Поточно, според статистиките во 2019 година работниците не биле платени за речиси три милиони часови прекувремена работа.

Како и да е, ова барање имаше непредвидени последици за приближно 10 милиони пушачи во Шпанија.

Со регистрацијата на влезот и излезот на вработените од канцеларијата, компаниите сега можат да пресметаат колку време работниците навистина трошат зад бирото.

Шпанските работници работат повеќе часови годишно од повеќето други Европејци, освен во Италија и Португалија, покажуваат статистиките./Makfax