24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Багдад падна снег по 12 години

Жителите на Багдад видоа глетка каква што не виделе со децении, бидејќи нивниот град беше покриен со снег.

Снегот последен пат паднал во главниот град во 2008 година, но бил слаб и брзо се стопил.

Многу млади и стари Ирачани велат дека првпат гледаат како паѓа вистински снег во Багдад.

Градските палми и импровизираните шатори на плоштадот Тахрир, каде што антивладини демонстрации траат со месеци, сега се под бела обвивка.

На патот кон работа луѓето застануваат за да се фотографираат или да направат неколку снежни топки и да се забавуваат.

„Снегот би можел да паѓа до утре, со оглед на студеното време. Студениот бран дојде од Европа “, рече Амер ел Jабери од Метеоролошкиот центар на Ирак.

Жителите на Багдад повеќе се навикнати на топлина отколку на студ. Највисоката измерена температура во овој град е 51 Целзиусов степен, а во последните години рекордот е речиси соборен./Makfax