24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пет граничари уапсени во Словенија за мито

Словенечкото Национално биро за истраги (НБИ) уапси пет полицајци на два гранични премини со Хрватска, под сомнение дека примале мито за да стават печат на пасоши на државјани на трети земји, дозволувајќи им да го продолжат престојот по истекот на дозволениот период од 90 дена.

Истрагата и претресот на куќите откри меѓународна група луѓе кои земале пари за нелегално да им овозможат на државјани на трети земји да се населат во областа Шенген.

Властите велат дека слични инциденти се случиле и во други земји околу шенген-зоната, пренесува СТА.

Ризикот од такво злоупотреба се очекува конечно да се отстрани во 2022 година кога ќе се воведе нов систем кој целосно ќе го автоматизира следењето на влезот и излезот од земјата./Makfax