24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Деветмина загинати во руските воздушни напади во Сирија

Девет лица загинаа во воздушните напади на руските сили во село полно со бегалци во северна Сирија, објави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија (СОХР).

СОХР наведува дека руските сили го гаѓале селото Абеан во руралните области во западниот дел на провинцијата Алепо. Меѓу загинатите се шест деца. Бројот на загинати веројатно ќе се зголеми бидејќи уште неколку лица се заглавени под урнатините и повеќето од 20 повредени се во критична состојба, објави СОХР.

Ибрахим ал-Хаџ, портпарол на тимот за спасување „Бели кациги“, за ДПА изјави дека повеќето од загинатите и повредените се сириски бегалци кои бегале од руралните области на Алепо за да се спасат./Makfax