24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силно невреме во Унгарија: Ветерот корнеше дрвја

Силен студен ветер, кој денеска попладне ја зафати Унгарија, корнеше дрвја, кршеше гранки и оштети далноводи.

Пожарникарските служби во земјата примиле повеќе од 100 повици на граѓани кои пријавиле штета причинета од бурата, но засега нема информација за повредени лица.

Уништена е патната сигнализација на неколку места, а најтешка била ситуацијата во северниот дел на земјата и во Будимпешта.

Во главниот град на Унгарија е издадено предупредување од втор степен поради силните ветрови.