16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Жесотка и неконтролирана треска – снимка од пациент заразен со коронавирус

Снимка од пациент кој неконтролирано се тресе во ходникот на болница во кинескиот град Вухан го заобиколи светот. Иако сцената повеќе потсетува на нешто што сме го гледале во хорор-филмовите, станува збор за пациент заразен од коронавирус во состојба на силна треска.

На видеото се гледа лице прекриено со јорган како неконтролирано се тресе додека една жена му ја држи главата.

Силната треска е позната како еден од симптомите на коронавирусот што се прошири од Кина, а ова го потврди и првиот пациент што закрепна од оваа болест.

Другите симптоми личат на оние од обичен грип, како што се отежнато дишење и повисока телесна температура, што го прави овој вирус уште потежок за откривање.

Во меѓувреме, денеска и официјално е потврдено дека смртоносниот вирус е распространет во сите региони на најнаселената земја во светот.

Потврдени случаи на коронавирус, со официјален назив 2019 n-CoV, има во сите 34 главни кинески региони. Најновиот потврден случај објавен денеска е регистриран во најоддалечениот југозападен регион Тибет.

Во моментот во Кина има вкупно 7.711 случаи на заразени, десет во Хонгконг, седум во Макао и осум во Тајван.

Според податоците, најмалку 170 луѓе, сите во Кина, досега умреа како последица на новиот вирус. Инфекцијата се прошири и во најмалку 15 други земји, пренесува Би-би-си.

Коронавирусот се појави во Вухан, град во централна Кина, и во изминативе неколку недели се шири со голема брзина.

Повеќето заразени и натаму се во Вухан, во провинцијата Хубеј, каде што има речиси 60 отсто од потврдените случаи на коронавирус.

Денеска, од Кина пристигнаа и охрабрувачки вести според кои повеќе пациенти заразени од вирусот закрепнале и ги напуштиле болниците.

Спонзорирано: