17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за проширувањето на ЕУ кон регионот и одржување на ветувањата.

Претседателот на европскиот законодавен дом ги покани претседателите на парламентите на шесте земји од Западен Балкан заедно со хрватскиот спикер, на средба на која е повторена заложбата на Европскиот парламент и на Европската Унија за продолжување на процесот на проширување кон Западен Балкан. Тој по средбата повтори дека регионот и ЕУ имаат „заедничка судбина” и побара политичката волја да се претвори во дела.

„Го повикуваме Европскиот Совет да продолжи да ја поддржува европската перспектива за Западен Балкан врз основа на исполнување на пристапните критериуми и да испрати недвосмислена и позитивна политичка порака за отворањето на претпристапните преговори и доделувањето кандидатски статус, итно е потребен нов поттик за процесот на проширување преку испорачување конкретни резултати“, рече тој.

Сасоли очекува претстојниот мајски самит на лидерите во Загреб да одигра клучна улога за проширувањето./Makfax