17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Бритиш Ервејз“ ги прекина летовите од и кон Кина

„Бритиш Ервејз“ ги прекина сите директни летови до и од континентална Кина, откако здравствените власти на Велика Британија предупредија за опасноста од епидемијата на коронавирус, пренесе Би-би-си.

Од официјалниот сајт на авиокомпанијата се дознава дека во јануари и февруари нема да има директни летови до Кина.

„Се извинуваме за предизвиканите проблеми, но безбедноста на нашите клиенти и екипажи секогаш е наш приоритет“, соопштија од авиокомпанијата.

„Оние кои ќе патуваат до или од Кина во следните денови можат да најдат повеќе информации на нашиот сајт“, додаде компанијата.

Велика Британија ги советуваше своите државјани да не патуваат до континентална Кина, освен ако тоа навистина не им е неизбежно, поради коронавирусот./Makfax