17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени турски државјани на аеродром во Охрид поради фалсификувани пасоши

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа.

Осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши. Со осомничените биле и две деца родени 2014 и 2006 година, соопштија од Обвинителството.

Шест од осомничените со двете деца влегле во Република Македонија во текот на вчерашниот ден, од Република Албанија преку граничниот премин Ќафасан. Еден од осомничените во државата влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Република Бугарија.

Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побара судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи./Makfax

Спонзорирано: