14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.

Одделот за туризам на Непал соопшти дека најмалку еден кинески државјанин е повреден во лавината, кој со хеликоптер бил спасен и пренесен во болница.

Лавина се урна на популарната рута на Анапурна, а спасувачите се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите.

Спасувачите стигнале до 30 планинари кои биле заробени откако лавина ја блокирале патеката и тие се сместени на безбедно место. Временските услови се влошуваат, а ниските температури последниве денови го отежнуваат спасувањето.

Исчезнатите планинари се две жени и двајца мажи, за кои се вели дека се наставници кои престојувале во Непал на волонтерска работа./Makfax