Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ разоткри скандал: Поднесени 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, предметите мора да добијат правен епилог

По демократските промени, на локално, општинско ниво од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции до денес поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на режимскатаВМРО-ДПМНЕ, порача Костадин Костадинов од СДСМ на прес конференцијата која што предмалку се оддржа во СДСМ.

– Од 300 кривични пријави, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови.

Но, опструкциите на последните остатоци на заробената држава во судството и обвинителството, многу предмети ги чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти.

Структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво.

Ова е само уште еден доказ за потребата од прочистување и темелни реформи во правосудството.

Надлежните обвинителства и судови мора да ја зголемат својата ефикасност и да постапуваат по отворените предмети. Ова е важно затоа што се работи за висока корупција каде се инволвирани носители на јавни функции, рече Костадинов.

Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара.

Нам ни треба судство кое ќе испорачува правда, а нема да застарува дела и да ја попречува правдата.

Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави го покажува степенот на криминал во ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Истовремено, покажува дека нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. Нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на централно и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Тоа е истата режимска, криминална матрица која нуди само одбрана на криминалот и која уште еднаш мора да биде поразена.

Последните бастиони на неправдата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 12 април ќе бидат поразени од граѓаните!

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК