Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од денешниот настан:
„Добар ден и од мене, почитувани претставници на медиумите,
Јас немам што да додадам од она што претходните говорници веќе го кажаа.
Можам само да кажам дека проблеми има, наследивме илјадници би рекол проблеми, секој ден решаваме по некој проблем; еве денеска сме тука да присуствуваме на ова навистина прекрасно издание, студентскиот дом „Стив Наумов“., 1150 студенти овде ќе ја градат својата студентска иднина.
Практично, условите кои што денеска ги имаат се на навистина како што некои од претходните говорници кажаа најдобри во регионот, можеби и пошироко.
Навистина имаме европски услови, тоа кое што тие треба да го прават само да се посветат на учењето, да ги завршат студиите, се разбира и понатаму да го управуваат својот живот.
Она кое што ние како Влада го правиме додека некои седат и од страна само критикуваат без аргументи, нема поголем аргумент од испораката на проекти и исправање на пропустите и грешките од минатото. За жал се илјадници.
Работиме по приоритети, работиме врз основа на можностите кои што ги имаме на располагање. Голема благодарност до нашите партнери, Германската развојна банка, Европската Унија, голема благодарност до колегите од Владата, до вработените во студентскиот центар, во студентскиот дом тука, за трпението. Наеднаш ќе имаме 1.150 нови легла, капацитет што досега го немавме.
На крајот на овој месец, следниот месец очекуваме да се пушти и вториот студентски дом, така што во еден момент ќе имаме и повеќе од 1.500тини легла на располагање за студентите кои што до сега ги немавме, коишто ќе бидат со европски услови како што и Н.Е. амбасадорот на ЕУ, господинот Рокас кажа- state of art.
Така што еве уште еднаш нека ни е со среќа, нека ни е честито, многу научни тези, дипломски, магистерски, докторски тези да се изработуваат во овие простории, во овие студентски домови.“


