17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Сплит, две лица убиени, убиецот со оружје се шета – полицијата со апел: „Не излегувајте ако не морате“

Две лица загинаа, а една е повредена во две пукања кои денеска попладне се случија во центарот на Сплит во близина на црквата свети Фран.

Како што јавува сплитската полиција, по пукањето повредено е едно лице кое итно е префрлено во болница.

Полицијата трага по убиецот кој е наоружан.

Сплитската полиција ги замолува сите граѓани кои живеат во централното градско подрачје да не излегуваат на улиците.

извор: ТВ21