Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скандал: Чулев бара возила и од кај Претседателот

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски бил информиран за скандалозниот допис во Министерството за внатрешни работи на техничкиот министер Наќе Чучев, а со кој се бара да се вратат возила кои се дадени на користење кај претседателот Пендаровски, техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

„Информирани сме дека постои интерен допис во рамките на МВР во кој се бара враќање на едно возило кое го користи претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР“, велат од кабинетот за претседателот за Локално.

Претходно СДСМ разоткри дека министерот Чулев со својата одлука ја ставил во знак прашалник безбедноста на неколку амбасади во Македонија, како и северната граница .

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД, МАГЛА, ПА ТЕМПЕРАТУРИ ДО 21 СТЕПЕН – Македонија ја очекува нова промена на времето, се најавува и силен ветер над 60 км/ч

ДЕСК

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК