27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) „Њујорк тајмс“: Имаме снимки како Иран го соборува украинскиот авион

„Њујорк тајмс“ објави снимка на која, како што се наведува, се гледа иранска ракета која го соборува украинскиот авион со 176 патници и членови на екипажот.

Видеото, чија автентичност ја потврдува „Њујорк тајмс“, наводно покажува како иранската ракета го погодува авионот над Паранда. Во прашање е локација во близина на аеродромот во Техеран, од каде престанал да се емитува сигналот на украинскиот авион пред да падне.

Кога ракетата го соборила авионот дошло до мала експлозија, но авионот не експлодирал, туку летал неколку минути и почнал да се враќа кон аеродромот, пишува „Њујорк тајмс“.

Запалениот авион, кој до тогаш престанал да испраќа свои сигнали, летал кон аеродромот пред да експлодира и набрзо се урнал, покажува видеото на „Тајмс“.

Визуелните и звучни траги на снимката се спротивни на информациите за летот и сателитските снимки од подрачјата во близина каде падна авионот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа рече дека од повеќе различни разузнавачки извори добил информации дека авионот го собориле Иранците. Овие тврдења Техеран ги негираше, а иранското министерство за надворешни работи ја повика Канада да ги сподели информации кои ги поседува./Makfax