17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украински експерти ги истражуваат деловите од урнатиот авион во Иран

Иранските власти им дозволија на украинските истражители да пристапат до деловите од урнатиот украински авион, кој се урна кај Техеран.

Од канцеларијата на украинскиот претседател е соопштено дека деловите од авионот ќе бидат испитани во текот на денот. Во соопштението се наведува дека истрагата е уште на почетна фаза и дека до сега уште е рано за обелоденување на детаљите.

Исто така се додава дека од членовите на семејствата на Украинците кои загинаа во авионската несреќа се зема ДНК примероци за да се идентификуваат телата на жртвите.

Во несреќата на украинскиот авион загинаа 176 патници и членови на екипажот. Меѓу патниците кои загинаа беа 82 државјани на Иран, 63 на Канада, како и државјани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Британија./Makfax