22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски авион присилно слета во Анталија

Патничкиот авион на руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ имал тешкотии при слетувањето на аеродромот во Анталија, објави денеска турскиот портал „Ерпортхабер“.

Авионот бил на лет од Москва кога пилотот на авионот „А321-200“ побарал присилно слетување на турскиот аеродром поради чад, а за време на слетувањето едно тркало од авионот удрило во трупот и го деформирал.

Засега нема информации за повредени и штети.

Порталот „Раша тудеј“ наведува дека при слетувањето бил оштетен подот на авионот, како и дека при слетувањето предниот дел на авионот ја допрел пистата.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат оштетување на предниот дел на авионот.

Не е познато дали имало патници во авионот во моментот на несреќата, но според наводите на медиумите, авионот, најверојатно, бил празен./Makfax