17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хајко Мас: Ако е вистина дека иранска ракета го соборила авионот, нема што да се каже

Германскиот шеф на дипломатијата, Хајко Мас, изјави дека доколку се утврди дека иранска ракета по грешка го соборила украинскиот авион, тогаш човек искрено може само да остане без текст.

Мас рекол дека Берлин му порачал на Техеран да очекува и другите држави да бидат вклучени во истрагата.

„Неопходна е најголема можна транспарентност за целосно разјаснување, ништо да не се турне под тепих бидејќи, со оглед на размерот, не би било прифатливо“, истакнал Мас.

Мас укажал дека повикот што Иранците им го упатиле на Американците да помогнат во истрагата е многу важен сигнал.

„Сметам дека сите страни разбраа дека сега помина време за воена ескалација и дека е логично едни со други да разговараат“, додал Мас.

Американските претставници претходно наведоа дека е многу веројатно оти иранската противавионска ракета го соборила авионот убивајќи ги сите 176 луѓе во него. И тие претпоставија дека нападот можеби бил грешка./Makfax