17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватската влада на заеднички состанок со Европската комисија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе учествуваат на заедничка средба меѓу хрватската влада и ЕК во Загреб, што ќе го означи официјалниот почеток на претседателството на Хрватска во ЕУ.

Во четврток и петок, Загреб е домаќин на комесарите на Европската комисија, предводена од претседателката Фон дер Лајен, а по повод почетокот на шестмесечното претседателство со Советот на Европската унија. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел исто така пристигна во Загреб и во четвртокот се состана со Пленковиќ.

За денеска е предвиден разговор на Пленковиќ со Фон дер Лајен, а по средбата на двајцата лидери ќе им се придружат министрите на состанок меѓу хрватската влада и Европската комисија. На крајот од состанокот, премиерот и претседателката на ЕК ќе одржат прес-конференција.

За време на нивниот престој во Загреб, комесарите на Европската комисија ќе одржат серија билатерални состаноци со ресорните министри./Makfax