Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов во Белата куќа е на итен состанок по нападот врз воздухопловната база од страна на иранските сили во Ирак со десет ракети.
Се проценуваат штетите и евентуалните жртви.
Во базата покрај американски војници, има и сојузнички трупи.
Итен состанок е одржан и од воениот врв на Израел, а безбедносните мерки се зголемени.
Како што претходно објавивме, Иран вечерва ја нападна воздухопловната база на САД и сојузничките сили, како одмазда за убиството на генералот Сулејмани.
https://center.mk/blog/2020/01/08/vonredna-vest-iran-so-raketi-ja-napadna-amerikanskata-baza-vo-irak/