17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ реагира по скандалозните лажни вести: Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ шират лаги на најјако

Во паника од извесниот пораз на изборите, ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под нивна контрола и преку најголемиот извор на лажни вести, Антонио Милошоски, почна да шири лаги на најјако. Тешки и перфидни лаги се тврдењата дека претседателот Зоран Заев или било кој од неговото семејство или некој од неговите соработници биле вмешани во случајот во јавноста познат како Рекет, реагира СДСМ по вечерашните натписи на дел од порталите.

„Факт е дека токму претседателот Заев прв го има пријавено случајот и дека токму тој постојано бара тој случај до крај да биде расветлен. Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ кои објавуваат и споделуваат вакви ноторни лаги треба да бидат свесни дека во секоја демократска, правна држава каква што е и Република Северна Македонија се одговара за секоја лага и клевета која е свесно изречена“, велат од СДСМ.

Од партијата потсетуваат дека медиумите и новинарите имаат јавна одговорност за своите пишувања, а свесното ширење на лажни вести е против демократските вредности во секое општество.

„Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во обид да го ублажат извесниот пораз на 12 април ќе ги користат сите можни неетички методи, но треба да им биде јасно дека и тие и нивните медиуми одамна се препознаени како најголем извор на лажни вести, измислици и конструирани случаи. Ништо нема да ги спаси Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ од поразот што им следува и никој и ништо нема да ги спаси од одговорност оние кои организирано смислуваат, објавуваат и споделуваат вакви тешки клевети“, реагира СДСМ.