24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По 17 дена потрага, најден и уапсен киднаперот на девојчето во Србија

Киднаперот на 12-годишната Моника, е уапсен денеска на гробиштата во селото Малча.

Откако полицијата доби дојава дека бил виден во селото, веднаш се упати, и успеа да го пронајде на гробиштата. Ноќеска спиел во шталата во една куќа, а потоа излегол, веројатно да бара храна. Тоа полицијата го искористи и го уапси.

Нинослав Јовановиќ стана познат по тоа што ја киднапираше Моника Крисмановиќ. Таа беше најдена пред неколку дена, а Јовановиќ се даде во бегство. По 17 дена активна потрага, во која беа вклучени и хеликоптерите на војската, денеска е пронајден и веднаш е уапсен.