Традиционално како и секој 31. декември, Centar.mk избира личности на годината што изминува.
Оваа година уредничкиот колегиум на Centar.mk го избра Костадин Костадинов за пратеник на 2019-та година.
За Костадин може да се каже дека е млад, амбициозен и силно мотивиран пратеник. Еден од најактивните пратеници, а во истовреме ја извршува и функцијата портпарол на СДСМ.
Може да се каже дека гостувањата на дебатите и емисиите на телевизија се со огромна гледаност.
Костадинов е пратеник кој добива голема поддршка на социјалните мрежи, особено е активен на Фејсбук и Инстаграм.
Отворен е за комуникација со граѓаните од кои е избран. Тој е еден од пратениците или политичарите кои одговараат на сите пораки што ќе ги добијат, ги решава проблемите на граѓаните на дневно ниво.
Еден од примерите е кога Костадинов лично отиде во продавница и купи потопна пумпа за да се испумпа водата од еден патен правец во Струмица, кој води до рудникот Огражден или пак обединувачкиот потег кога тој најави купување на дрвциња, а им порача на младите од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ заедно да ги засадат, што е пример за како тоа еден пратеник треба да функционира, да обединува, да сплотува…
https://center.mk/blog/2019/11/20/moken-i-obedinuvachki-poteg-na-kostadin-kostadinov-koj-naide-na-golema-poddrshka-i-odgovor-gi-povika-mladite-na-vmro-dpmne-i-sdsm-na-predizvik-jas-ke-kupam-drvtsina-i-tsvekina-a-vie-zasadete-gi/
https://center.mk/blog/2019/11/12/foto-zborot-e-zbor-kosta-kostadinov-kupi-potopna-pumpa-za-da-se-ispumpa-vodata-od-patot-kaj-rudnikot-ograzhden/