Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температурата ќе опадне за неколку степени.
Прогноза за 20.09.2026
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 21.09.2026
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 24°C до 32°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд и засилен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието ќе достигнува брзина од 50 km/h.
Прогноза за 22.09.2026
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 18°C до 26°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 50 km/h) од северен правец, особено во источните делови од државата.


