22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трагична авионска несреќа во Казахстан – од остатоците на леталото извлечено живо бебе

Од авионот кој утринава се сруши во Казахстан, во кој според најновите информации загинале 12 лица, спасувачите извлекле бебе.

Леталото во кое имало 93 патници и пет членови на екипажот се срушило при полетување.

Спасувачите од авионот извлекле и преживеани од кои поедини биле заглавени под рушевините.

На снимките од спасувањето се гледа маж во униформа како трча низ снегот, држејќи во раце бебе облечено во бела облека. Мажот трча кон Итната помош за бебето да може да биде прегледано. Состојбата на бебето засега не е позната.

Преживеаните рекле дека авионот се тресел и дека се слушнал ужасен звук.

Уште еден преживеан, бизнисменот Аслан Назаралијев рекол дека авионот почнал да се тресе додека добивал надморска висина околу две минути по полетувањето, пренесува Би-Би-Си.

Авионот „Фокер 100“ тргнал кон престолнината на Казахста, кога изгубил висина за време на полетувањето поради што прво пробил бетонска ограда пред да удри во зграда.

Авионот бил стар 23 години пишуваат медиумите.

Произведувачот на авионот поднел барање за банкрот во 1996 година, а производството било стопирано една година подоцна.