17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Новинарите на турскиот опозициски весник „Созцу“ осудени на казна затвор

Турскиот суд им изрече казна затвор на седуммина новинари и други вработени во опозицискиот весник „Созцу“ за помагање на мрежата што Анкара ја обвинува за организирање на неуспешниот пуч во 2016 година.

Весникот „Созцу“, кој долго време беше столб на турскиот секуларистички естаблишмент, ја опиша пресудата како црн белег во историјата на слободата на печатот. Сите осум обвинети присутни на последното судење бараа ослободителни пресуди.

Анкара го користи судството против осомничени следбеници на Фејтулах Ѓулен, имам кој живее во САД, за кој веруваат дека се обидел да изврши државен удар во јули 2016 година во кој загинаа околу 250 луѓе.

Акциите против таа мрежа сè уште се редовни.

Истакнатите колумнисти Емин Коласан и Некати Догру, како и уредниците Мустафа Цетин и Метин Јилмаз, беа осудени за помагање на мрежата на ѓуленисти и секој беше осуден на повеќе од три години затвор, пишува „Созцу“./Makfax