21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британец чиј син се борел со Курдите против ИД во Сирија обвинет за тероризам

Британската полиција го обвини таткото на еден Британец, кој доброволно се бори во Курдските единици за заштита на народот (YPG) во Сирија против терористичката Исламска држава, за кривични дела за тероризам во првиот од ваков случај во земјата, пренесуваат медиумите.

Според Гардијан“, полицијата го привела 49-годишниот Пол Ердал на 11 декември во градот Солихул, во централниот дел на округот Вест Мидлендс. Ердал бил испрашуван за неговиот син Ден Њуи, кој им се приклучил на YPG во борбата против ИД во 2017 година.

Полицијата го обвинила Ердал дека го поддржува тероризмот и го задржала четири дена. Тој потоа бил ослободен со кауција, а судската постапка е во тек.

Њуи не беше обвинет кога се врати во Британија од Сирија во март 2018 година, но беше ставен под истрага и на списокот за набљудување.

За разлика од Курдската работничка партија, Британија не ги смета YPG за терористичка организација. Стотици доброволци од целиот свет им се придружија на курдските групи во Сирија, вклучително и многу државјани на Велика Британија. До денес, најмалку седум Британци биле убиени додека се бореле со YPG./Makfax