7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маж почина во сообраќајна несреќа кај Куманово

Едно лице почина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на локалниот пат Куманово – село Романовце.

Како што јави МВР, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(29) од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Р. од с.Матејче, општина Липково.

Во незгодата, на местото на несреќата починал четиригодишник од Матејче, сопатник во возилото што го управувал И.Р..

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Љ.Ш., сопатничка на И.Р../Makfax