Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Камион удрил во пешак во Аеродром

Педесет и четиригодишен скопјанец со камион удрил во 81-годишен пешак во Аеродром. Старецот со тешки повреди бил пренесен во болница.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 09.20 часот на сервисната улица позади трговскиот центар „Капитол“ кога камион „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.М.(54), удрил во пешакот В.Ј.(81) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје./Makfax

Спонзорирано: