17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судир меѓу мигрантите и полицијата на грчкиот остров Самос, затворени училиште и градинка

Полицијата и група мигранти се судрија во бегалскиот камп на грчкиот остров Самос, поради што локалните власти донеле одлука да се затворат блиското основно училиште и градинката.

Судирите избиле кога околу 200 луѓе почнале протести поради условите во драматично преполнетиот камп, барајќи да им се дозволи да го напуштат овој остров во источна Грција.

Демонстрантите фрлале камења и други предмети врз полицијата, која одговорила со солзавец и шок-бомби.

Кампот кај Самос, кој е изграден за да прими 648 лица, во моментов има 7.497 мигранти./Makfax